Кога е во прашање твоето сексуално и репродуктивно здравје, најдобар пријател ти е матичниот гинеколог или дерматовенеролог! Може да се советуваш и со твојот матичен или семеен лекар и заедно да процените кое контрацептивно средство е најсоодветно за тебе. Ако немаш матичен гинеколог или дерматовенеролог, може да се обратиш и во младинските центри „Сакам да знам“ во Скопје. 

Еве неколку работи што треба да ги имаш на ум: 

  • За да се заштитиш од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции, треба да користиш контрацепција. Со други зборови, треба да знаеш што е контрацепција и кој метод ти одговара пред да го искусиш првиот сексуален однос.
  • Иако повеќето луѓе можат безбедно да ги користат повеќето контрацептивни методи, не сите контрацептивни методи се соодветни за секого. Ова значи дека можеби ќе треба да пробаш неколку различни методи на контрацепција додека да го најдеш тој што најмногу ти одговара.
  • Секој што има сексуален однос, има должност да се грижи за своето здравје. На тој начин, го заштитува и здравјето на партнерот/партнерката. 
  • Контрацепцијата не треба да биде табу-тема за муабет! Прашај ги родителите, зборувај со лекар, продискутирај со партнерот/партнерката – сексуалниот однос треба да ти донесе уживање, а не инфекција или непланирана бременост!
  • Кондомот е единственото контрацептивно средство што заштитува и од непланирана бременост и од сексуално преносливи инфекции. Користењето на т.н „двојна заштита“ (кондом заедно со друг метод на контрацепција) е најдобрата заштита и од непланирана бременост и од сексуално преносливи инфекции.
Scroll to Top