Од сите модерни контрацептиви, кај нас се достапни само четири: оралната контрацепција (контрацептивни таблети), итната контрацепција, спиралата и машкиот кондом. Може да ги купиш во аптека, а кондомот е достапен и пошироко (маркети, бензински пумпи итн.).

Со исклучок на кондомот и итната контрацепција, за сите други контрацептиви ти треба рецепт од гинеколог или општ/семеен лекар.

За младите и жените кои се социјално ранливи, овие модерни контрацептиви се бесплатно достапни во младинските центри „Сакам да знам“ во Скопје, по претходно советување со тамошниот гинеколог. Советувањето и прегледот од гинекологот (доколку ти е потребен) се, исто така, бесплатни и доверливи и притоа не ти е потребна ниту здравствена книшка ниту здравствено осигурување. 

Scroll to Top