Достапна во Македонија

Што е? 
Една таблета што се пие по незаштитен сексуален однос, за да се спречи бременост. Уште е позната и како „пилула за денот потоа“.

Како делува?
Го блокира ослободувањето на јајце-клетката (овулацијата)

Како се користи?
Треба да се испие најдоцна до 72 часа по незаштитениот сексуален однос, но е поефикасна доколку се земе порано.

Ефикасност
95 % ефикасност ако се земе во првите 24 часа

Колку чини?
Во просек, од 750 до 1600 денари
*Не е покриено со здравствено осигурување

Каде може да се набави?
Во аптека, може и без рецепт, но се препорачува консултација со гинеколог

Плус инфо
Може да ја користат жени на која било возраст и девојки помлади од 16 години. Ако веќе си бремена, итната  контрацепција нема да има никаков ефект. И бакарната спирала може да се користи како итна контрацепција.

Сакаш да дознаеш повеќе? Продолжи со читање.
Ако имаш какво било прашање, пиши ни тука.

Во кратки црти

  • Треба да се испие најмногу 72 часа по незаштитениот сексуален однос
  • Достапна во Македонија
  • Чини од 750 до 1600 денари
  • Не е потребен рецепт
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

Најчесто поставувани прашања

И тоа се случува. Но, не е крај на светот.

Ако знаеш дека кондомот се скинал или лизнал уште додека трае сексуалниот однос, веднаш престанете со односот и земете нов кондом.
Ако забележавте дека кондомот се скинал или лизнал откако заврши односот, тогаш една опција е партнерката да се јави кај гинекологот за совет и итна контрацепција. Колку поскоро се земе итната контрацепција, толку поефикасна ќе биде.

Подеднакво важно е да се тестирате за сексуално преносливи инфекции. Ако има потреба, најдобро е истовремено да почнете со терапија за да се спречат посериозни проблеми.

Доколку си дел од општествено исклучена група на граѓани, слободно закажи термин или појди во младинските центри „Сакам да знам“ во Скопје за бесплатно и доверливо советување и тестирање за сексуално преносливи инфекции, како и за бесплатна контрацепција.

Инаку, за да се намали ризикот од кинење, кондомот треба да се чува подалеку од топлина и светлина, не треба да се носи во паричник или во џеб од панталони и не треба да се отвора со заби или ножици. Пред употреба, секојпат проверувај му го рокот на траење.

Итната контрацепција е резервен метод на контрацепција што се користи по незаштитен сексуален однос. Вообичаено се користи за да се избегне непланирана бременост по незаштитен сексуален однос или кога избраниот метод на контрацепција потфрлил (пр. кондомот се лизнал или се скинал или си заборавила да земеш контрацептивна таблета на време).

Итната контрацепција е апче што треба да се испие најдоцна до 72 часа по незаштитениот однос. Колку порано се земе, толку е поефикасна.

Најефикасна е во првите 24 часа по незаштитениот сексуален однос (95 %). Како што се зголемува времето до земање на таблетата, така опаѓа ефикасноста (од 61 % ако се земе до 72 часа по незаштитениот однос). Итната контрацепција треба да се испие најдоцна 72 часа по незаштитениот секс. Може да има помала ефикасност ако имаш над 80 килограми.

Па, да, неколку:

  • Не штити од сексуално преносливи инфекции;
  • Може да ја земеш со рецепт;
  • Може да има помала ефикасност кај жени со телесна тежина над 80 кг;
  • Понекогаш може да има краткотрајни несакани ефекти како гадење, проблеми со стомакот, малаксалост, главоболка
    или оскудно генитално крварење.

Досега не се познати долготрајни несакани ефекти од итната контрацепција. Но, понекогаш може да предизвика гадење, умор, вртоглавица или главоболки, чувствителност на градите, дијареа или болки во долниот дел од стомакот. Овие ефекти би требало да исчезнат за неколку дена. Може да имаш и оскудно генитално крвавење пред следната менструација или, пак, може да добиеш менструација порано или една недела подоцна. Во исклучително ретки случаи може да предизвика повраќање.

Досегашните испитување не покажуваат дека ќе ти се намали плодноста во иднина, ниту дека повторната употреба ја намалува ефикасноста или, пак, му штети на телото.

Во секој случај, задолжително појди кај гинекологот доколку следната менструација ти доцни повеќе од 5 дена или е невообичаено пооскудна или  пообилна, или имаш силна болка во долниот дел од стомакот.

Не. За жал, за итната контрацепција, како и за секоја друга достапна контрацепција во земјава, се плаќа.

Итната контрацепција е бесплатна единствено во младинските центри „Сакам да знам“ во Скопје, и тоа само доколку припаѓаш на некоја од општествено исклучените групи на граѓани.

Не. За жал, во Македонија ниту едно од достапните модерни контрацептивни средства не е на Позитивната листа на лекови.

Итната контрацепција може да ти се најде во неочекувани ситуации, но не е е за редовна употреба. Од сите модерни контрацептиви, итната контрацепција треба да ти биде последна опција. Со други зборови, се препорачува да не се користи почесто од еднаш годишно.

Може да ја користат жени на која било возраст. Тука спаѓаат и жени кои не можат да користат хормонална контрацепција.
Може да ја користат и девојки помлади од 16 години.

Според некои истражувања, итната контрацепција има помала ефиканост кај девојките и жените со поголема телесна тежина. Но, ова не треба да те обесхрабрува! Бакарната спирала исто така може да се користи како итна контрацепција, а нејзината ефикасност не зависи од телесната тежина.

Единствениот начин да бидеш сигурна е да направиш тест за бременост 19 дена по незаштитениот сексуален однос. Само храбро!

Кај нас е достапна итната контрацепција Levonelle и таа е безбедна при доење. Мали количините од хормоните може да преминат во млекото, но нема да му штетат на бебето.

Иако итната контрацепција може да ја земеш во аптека и без рецепт, сепак се препорачува консултација со гинеколог. 

Кога ќе појдеш кај гинекологот за рецепт, информирај го доколку земаш некакви лекарства: некои лекови можат да ја намалат ефикасноста на итната контрацепција, па можеби ќе треба да ти се препише поинаква доза. Ако повратиш во првите три часа по земањето, појди повторно кај гинекологот за нова доза.

Консултацијата со гинеколог е важна и за да поразговарате за натамошна употреба на контрацептивно средство кое најмногу ќе ти одговара.

Итната контрацепција не е долготраен метод на контрацепција, како спиралата, на пример. Ако не сакаш да останеш бремена во блиска иднина, пожелно е да користиш други тип на контрацепција. Еве кои методи се достапни кај нас во Македонија.

Оралната контрацепција не те штити од бременост доколку заборавиш да ја испиеш подолго од 12 часа. Ако си имала незаштитен секс дента кога си заборавила да ја испиеш или во претходните 7 дена, побарај совет од матичниот гинеколог – можеби ќе треба да земеш итна контрацепција. По ова, продолжи редовно да ја пиеш оралната контрацепција, а во случај на секс, користи и дополнителна заштита (кондом).

Не, итната контрацепција не е штетна по здравјето ниту предизвикува неплодност. Може да има несакани ефекти како вртоглавица, умор, гадење, чувствителност на градите, дијареа и слично, но сите овие обично поминуваат за неколку дена.

Да, спиралата може да се користи исто како таблетата „за денот потоа“. Треба да се стави најдоцна 5 дена по незаштитениот секс/откако користениот контрацептив потфрлил. Кликни тука за повеќе инфо.

Да, може. Таблетата за итна контрацепција содржи прогестерон, хормон кој има минимални контраиндикации. Во секој случај, како и за сѐ друго поврзано со твоето сексуално и репродуктивно здравје, најдобро е да се советуваш со матичниот гинеколог.

Да, со тоа што се препорачува консултација со гинеколог кој освен што ќе ти издаде рецепт, ќе може да ја одреди точната доза и да поразговара со тебе околу натамошната употреба на контрацептивно средство што најмногу ќе ти одговара. 

Кај нас, ако си малолетна, ти треба согласност од родител/старател за да може да те прегледа гинеколог. Законски, матичен гинеколог може да избереш на 12-годишна возраст, повторно со согласност од родител/старател.

Scroll to Top