Достапна во Македонија

Што е? 
Траен метод на контрацепција кај мажите при што се пресекуваат семеноводите

Како делува?
Спречува спермата да стигне во ејакулатот, поради што не е можно да дојде до бременост

Како се изведува?
Хируршки и лапараскопски, обично трае 15-20 минути

Ефикасност
Над 99 %

Каде може да се направи?
Во некои приватни болници

Колку чини?
60.000 – 110.000 денари, со вклучени трошоци за 1 болнички ден;
Не е покриено со здравствено осигурување 

Плус инфо
Не влијае на сексуалната желба, може да си одиш дома уште истиот ден

Сакаш да дознаеш повеќе? Продолжи со читање.
Ако имаш какво било прашање, пиши ни тука.

Во кратки црти

  • Достапна во Македонија
  • Над 99 % ефикасност
  • Чини над 60.000 ден.
  • Ја прави исклучиво стручно лице (најчесто уролог)
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

Најчесто поставувани прашања

  • Траен метод на контрацепција;
  • Над 99 % ефективност во спречувањето на бременост;
  • Не влијае на сексуалната желба ниту на способноста да уживаш во сексот;
  • Речиси и да нема негативни ефекти по здравјето;
  • Преставува поедноставна и побезбедна алтернатива на женската стерилизација.
  • Не е лесно реверзибилна постапка, би требало да се гледа на неа како на трајно решение;
  • За да не дојде до непланирана бременост, треба да користиш контрацепција и по операцијата (додека да се потврди дека семената течност повеќе не содржи сперма);
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции, па се препорачува користење на кондом;
  • Постои многу мал ризик од инфекција;
  • По операцијата, скротумите (ќесињата во кои се сместени тестисите) може да бидат отечени, почувствителни или да болат.

Се разбира. Како и за секоја операција, задолжителна е консултација со стручно лице (уролог). При консултацијата ќе се утврди и дали има потреба од некакви претходни испитувања.

Васектомијата е брза и релативно безболна постапка, што ја изведува стручно лице во здравствена установа.

Најчесто се изведува со локална анестезија (пациентот е буден, но не чувствува болка). Трае 15-20 минути. Во повеќето случаи, пациентот си заминува дома уште истиот ден.

Васектомијата може да се изведе хируршки и лапараскопски. По операцијата се прават два теста на семената течност за да се потврди дека не содржи сперма.

Се препорачува одмор во првите 24 часа по операцијата. Се препорачува да се избегнува спортување или секс во првата недела.

Неколку дена по операцијата е вообичаено да чувствуваш блага непријатност, а скротумите (ќесињата каде што се сместени тестисите) да бидат отечени или почувствителни. Може да земаш апчиња против болка. Ако чувствуваш болка и по земање на апчињата, консултирај се со лекарот.

Може да се случи да има крв во семената течност првите неколку пати кога ќе свршиш – нема потреба од паника, тоа е сосема нормално.

Не. Васектомијата не влијае на сексуалната желба ниту на способноста да се ужива во сексот. Не влијае ни на нивото на тестостерон или на машките полови карактеристики.

Ерекцијата и ејакулацијата се и натаму составен дел од сексуалното искуство. Единствената разлика е дека ејакулатот (семената течност што излегува од пенисот при свршувањето) повеќе не содржи сперматозоиди што можат да ја оплодат женската јајце-клетка (т.е. да доведат до бременост). Тестисите и натаму произведуваат сперма, само што неа ја апсорбира телото без какви било негативни последици.

Не би требало да имаш сексуален однос во првите 7 дена по операцијата.
Инаку, ќе треба да користиш контрацепција најмалку 8-12 недели по операцијата, односно сѐ додека не се потврди дека семената течност повеќе не содржи сперма.

Треба да користиш контрацепција (пр. кондом) најмалку 8-12 недели по операцијата бидејќи тестисите и натаму ќе произведуваат сперма. Оваа сперма се складира во семеноводите што водат до пенисот. Доколку сакаш да се заштитиш само од непланирана бременост, треба да продолжиш да користиш контрацепција сѐ додека не се потврди дека семената течност повеќе не содржи сперма (најчесто, во првите 3 месеци).

Инаку, васектомијата не штити од сексуално преносливи инфекции, па се препорачува користење на кондом.

Во првите денови по операцијата се препорачува да носиш долен веш што е припиен за гениталниот дел, како потпора на скротумите. Ова истовремено ќе ја ублажи можната непријатност или отеченост. Менувај го долниот веш секој ден.

Би требало да можеш да се бањаш или тушираш без проблем. Нежно и темелно пребришувај го пределот на гениталиите со крпата.
За повеќе насоки, консултирај се со твојот лекар.

Обично, може да се вратиш 1-2 дена по операцијата. За да не дојде до компликации, не треба да спортуваш ниту да креваш тешко барем една недела по операцијата.

Околу 3 месеци по операцијата се прави тест на семената течност за да се види дали содржи сперма. Васектомијата се смета за успешна кога ќе се потврди дека нема сперма во семената течност. Понекогаш треба да се направат 2 теста. Додека ова не се потврди, задолжително користи контрацепција бидејќи и натаму постои ризик од бременост.

Scroll to Top