Кај нас се достапни оралната контрацепција (контрацептивни таблети), итната контрацепција, спиралата и машкиот кондом. Може да се набават во аптеките, а кондомот е достапен и пошироко (маркети, бензински пумпи итн.). 

Цената на машкиот кондом се движи околу 110 денари (пакување со 3 кондоми), оралната контрацепција чини меѓу 450 и 850 денари, а итната контрацепција меѓу 750 и 1600 денари. Кога сме кај спиралите, бакарната чини 3100-3600 денари, сребрената околу 5000 денари, а хормонската (Мирена) од 6700 до 7500 ден. 

Со исклучок на кондомот и итната контрацепција, за сите други контрацептиви ти треба рецепт од гинеколог или општ/семеен лекар.

Оралната и итната контрацепција спаѓаат во хормонска контрацепција, па важно е да се советуваш со стручното лице за начинот на земање, можните несакани ефекти и слично. 

Доколку сакаш да ставиш спирала, имај на ум дека ја поставува и вади исклучиво стручно лице (гинеколог). 

Scroll to Top