Што е?
Заоблена покривна мембрана, помала од дијафрагмата, направена од мек силикон
Како делува?
Го покрива грлото на матката, поради што сперматозоидите не може да стигнат до јајце-клетката и да ја оплодат
Како се користи?
Се става во вагината пред сексуалниот однос, може да се постави и неколку часа порано. По односот, задолжително се остава во вагината најмалку 6 часа, а треба да се извади најдоцна 48 часа по тоа.
Ефикасност
92-96 % ефикасна кога се користи правилно
Каде може да се набави?
Не е достапна во Македонија
Плус инфо
Задолжително треба да се користи со спермицид (гел што ги уништува сперматозоидите). Може да се користи повеќепати, околу 1 година.