Модерна контрацепција

Што е?   
Заоблена покривна мембрана направена од тенок мек силикон  

Како делува?  
Го покрива грлото на матката, поради што сперматозоидите не може да стигнат до јајце-клетката и да ја оплодат 

Како се користи? 
Се става во вагината пред сексуалниот однос, може и неколку часа порано. По односот, задолжително се остава во вагината најмалку 6 часа, а треба да се извади најдоцна 24 часа по тоа.

Ефикасност 
 92-96 % кога се користи правилно

Каде може да се набави?  
Не е достапна во Македонија 

Плус инфо 
Задолжително треба да се користи со спермицид (гел што ги уништува сперматозоидите). Може да се користи повеќепати, околу 1 година.

Сакаш да дознаеш повеќе? Продолжи со читање.
Ако имаш какво било прашање, пиши ни тука.

Во кратки црти

  • Не е достапна во Македонија
  • 92-96 % ефикасност
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

Најчесто поставувани прашања

  • Ја користиш само кога сакаш да имаш секс;
  • Може да ја наместиш неколку часа пред сексуалниот однос;
  • Најчесто нема последици по здравјето или несакани придружни ефекти;
  • Може да се користи по абортус.
  • Не е ефективна како други типови на контрацепција;
  • За да биде ефективна, мора да внимаваш да ја користиш правилно и навремено;
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции;
  • Можно е да ти треба повеќе време да научиш како правилно да ја користиш;
  • Може да треба да го прекинете односот за да ја наместиш;
  • Кај некои жени може да предизвика цистит (инфекција на мочниот меур);
  • Спермицидот и латексот може да предизвикаат чувствителност или иритација кај жените или сексуалните партнери.  

Општо земено, можат да ја користат сите девојки и жени. Но, може да не е најсоодветна за оние кои:

  • Имаат невообичаена форма на грлото на матката или не можат да го напипаат;
  • Имаат вагинални мускули што не можат да ја додржат дијафрагмата (пр. поради породување);
  • Се чувствителни или алергични на силиконот на дијафрагмата или на составот на спермицидот;
  • Имале синдром на токсичен шок;
  • Често имаат уринарни инфекции;
  • Моментално имаат вагинална инфекција. 

Не. Иако користењето на дијафрагма не влијае на менструалниот циклус, сепак не се препорачува да се користи за време на менструацијата бидејќи може да дојде до синдром на токсичен шок, ретка состојба која може да биде животозагрозувачка.  

Не, бидејќи водата може да го исплакне спермицидот. Намести ја дијафрагмата по бањањето, а по сексуалниот однос, во следните шест часа, истуширај се наместо да се бањаш. 

Обично, може да ја користиш до 1 година пред да ја замениш. Со текот на времето, дијафрагмата може да ја смени бојата, но тоа не е ништо страшно. Пред употреба, внимателно провери да не има знаци на оштетување. 

Откако ќе ја извадиш по сексуалниот однос, треба да ја измиеш со топла вода и и благ сапун без мирис. Треба темелно да се исплакне и целосно да се исуши пред да се врати во кутивчето. Треба да се чува на суво место, на собна температура.  

Не треба да се дезинфицира во превриена вода ниту да се користи детергент, средство за дезинфекција, талк пудра или производи базирани на масла бидејќи може да ја оштетат. Ако сакаш да користиш лубрикант, треба да бидат на база на вода или силикон наместо на база на масло.  

Scroll to Top