Модерна контрацепција

Што е?
Инјекција што содржи вештачка форма на еден или повеќе хормони; најшироко користени се тие што содржат гестаген, а поретко се користат комбинираните инјекции (естроген и гестаген)

Како делува?
Спречува да дојде до ослободување на јајце-клетката (овулација)

Како се користи?
Се прима во мускулот на задникот, под кожата или во надлактицата, еднаш на секои 12 недели

Ефикасност
Над 99 % ако се прима правилно и редовно
Околу 96 % при типична употреба

Каде може да се набават?
Не може да се купи кај нас, иако е регистрирана

Плус инфо
Плодноста се враќа со задоцнување (во просек, по 1-4 месеци по употребата)

Сакаш да дознаеш повеќе? Продолжи со читање.
Ако имаш какво било прашање, пиши ни тука.

Во кратки црти

  • Регистрирана во Македонија, не може да се купи
  • Над 99 % ефикасност
  • Инјекцијата ја става стручно лице
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

Најчесто поставувани прашања

  • Една интрамускулна инјекција дава заштита 12 недели;
  • Доколку се прими во првите 5 дена од менструалниот циклус, веднаш штити од бременост;
  • Само ти знаеш дека користиш контрацептивен метод;
  • Дозволуваат спонтаност при сексуалниот однос;
  • Ја намалуваат должината и обилноста на менструалното крварење;
  • Може да ги користат и жени кои не можат да користат контрацептиви со естроген (пр. жени кои пушат и се постари од 35 години, жени со покачен крвен притисок, како и жени кои дојат);
  • Може да се користат по породување, доколку не се дои;
  • Може да се користат по абортус.
  • Не штитат од сексуално преносливи инфекции;
  • Може да имаат несакани ефекти како, на пример, целосно изостанување на менструацијата или нередовни менструации, покачување на телесната тежина, чувствителност на дојките, промени во расположението и главоболки, особено во првите недели од употребата;
  • Дел од несаканите ефекти може да траат и до неколку месеци по последната инјекција;
  • По прекинот на употребата, плодноста побавно се враќа;
  • Постои исклучително мал ризик од инфекција на местото на боцкањето, како и од алергиска реакција.

Инјекцијата треба да се прими на секои 12 недели. Доколку не ja примиш на време (пр. со задоцнување од една недела), а во меѓувреме си имала незаштитен сексуален однос, тогаш постои ризик од бременост. Доколку знаеш дека нема да можеш да ја примиш инјекцијата на време, користи заштита при сексуален однос. Во секој случај, советувај се со гинекологот.

Може да почувствуваш мала болка на местото на боцкањето, но брзо поминува (во следните неколку часа).

Не е соодветен метод на контрацепција доколку:

  • Мислиш дека си бремена или планираш бременост во следната година;
  • Сакаш менструацијата да ти остане иста;
  • Имаш крвавење од непознато потекло помеѓу две менструации или по сексуален однос;
  • На долг рок не треба да го користат жени кои имаат зголемен ризик од остеопороза (ослабување на коските);
  • Имаш кардиоваскуларни проблеми, болест на црниот дроб или искуство со рак на дојка.
Scroll to Top