Модерна контрацепција

Што е? 
Растеглива обвивка направена од мек и многу тенок вештачки латекс (гума); уште е познат и како фемидом

Како делува?
Механички ги спречува сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката и да ја оплодат

Како се користи?
Се поставува внатре во вагината, пред почетокот на сексуалниот однос

Ефикасност
95 % ефикасен кога се користи правилно и при секој сексуален однос

Каде може да се набави?
Не е достапен кај нас

Плус инфо
Штити и од сексуално преносливи инфекции, вклучително и ХИВ

Сакаш да дознаеш повеќе? Продолжи со читање.
Ако имаш какво било прашање, пиши ни тука.

Во кратки црти

  • Не е достапен во Македонија
  • 95 % ефикасност
  • штити и од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

Најчесто поставувани прашања

Женскиот кондом е многу цврст, но може да се скине со остри нокти или накит, или доколку не е наместен правилно. Па, може да се случи пенисот да влезе покрај кондомот или целосно да го бутне кондомот внатре во вагината. Во ваков случај, има ризик од непланирана бременост.

Доколку тоа се случи, најпрво, диши длабоко. Ако не сакаш да забремениш, а мислиш дека сперма влегла во вагината, треба да земеш итна контрацепција. Колку побрзо ја земеш, толку подобро, но знај дека треба да ја земеш најдоцна 72 часа по ризичниот сексуален однос. За да може да ја купиш, треба да земеш рецепт од гинеколог. 

Препорачуваме и ти и партнерот да се тестирате за сексуално преносливи инфекции (СПИ). Појдете кај матичниот гинеколог или дерматовенеролог. Доколку доаѓаш од некоја општествено исклучена група на граѓани, може да добиеш бесплатна итна контрацепција и бесплатно тестирање за СПИ во младинските центри „Сакам да знам“

Кондомот може да се користи само еднаш. Пред секој сексуален однос, користи нов кондом.

Кондомите имаат рок на траење кој е втиснат на самото пакување. Внимавај да не користиш кондоми со поминат рок. Секојпат користи кондом на чие пакување стои ознаката CE или UKCA. Ова значи дека кондомот бил тестиран според највисоките стандарди на безбедност. 

Како со сите бариерни методи на контрацепција, треба време и вежбање за да се користи правилно.

Да, без проблем. Не заборавај да го ставиш пред пенисот да дојде во контакт со вагината и да го извадиш по сексуалниот однос.

Женскиот кондом го покрива грлото на матката. Дијаметарот на грлото е 1-3 милиметри, така што нема шанси да се изгуби кондомот внатре. 

Кондомот можеш слободно да го користиш доколку:

    • Му важи рокот на траење;
    • Не е оштетено пакувањето (пр. нема воздух внатре);
    • На пакувањето ја има ознаката CE.
Scroll to Top