Модерна контрацепција

Што е? 
Мала капсула или стапче што се поставува во надлактицата, под кожата

Како делува?
Континуирано ослободува мали концентрации на хормонот прогестерон којшто ја згуснува цервикалната слуз и го спречува ослободувањето на јајце-клетката, па не може да дојде до нејзино оплодување

Како се користи?
Го поставува лекар или друг здравствен работник

Ефикасност
Над 99 %

Каде може да се набави?
Не е достапен во Македонија

Плус инфо
Не содржи естроген
Може да се користи 3-5 години (зависно од производителот)

Сакаш да дознаеш повеќе? Продолжи со читање.
Ако имаш какво било прашање, пиши ни тука.

Во кратки црти

  • Не е достапен во Македонија
  • Над 99 % ефикасност
  • Го поставува исклучиво лекар
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

Најчесто поставувани прашања

  • Може да се користи најмалку 3 години;
  • Дозволува спонтаност при сексуалниот однос;
  • Може да ја користиш доколку не ти одговара хормонска контрацепција базирана на естроген;
  • Може да се користи веднаш по породувањето или по абортус;
  • Безбедно може да се користи при доење;
  • Може да го намали менструалното крвавење и да ги намали менструалните болки;
  • Плодноста се враќа веднаш по вадењето.
  • Менструациите може да станат нередовни, а може и целосно да престанат;
  • Може да се појават акни, главоболки, гадење, чувствителност на дојкките или промени во расположението;
  • Некои лекарства може да му ја намалат ефикасноста;
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции, па пожелно е да се користи со кондом.
  • Не се препорачува доколку имаш крвавење од непознато потекло помеѓу две менструации или по секс;
  • Не се препорачува кога имаш/си имала одредени здравствени состојби (кардиоваскуларни или поврзани со црниот дроб);
  • Исклучително ретко може да се случи да се инфицира местото каде што е поставен имплантот, што се третира со антибиотик.

Во кое било време во текот на менструалниот циклус, сѐ додека не си бремена.

Ако имплантот се стави во првите 5 дена од менструалниот циклус, веднаш штити од бременост. Ако се стави во некој друг период од циклусот, во првите седум дена треба да се користи во комбинација со дополнителна контрацепција (пр. кондом).

И двете постапки ги прави стручно лице со користење локална анестезија. Најчесто, се чувствува само мала болка на местото каде што е поставен, која минува набрзо – исто како кога примаме инјекција.

Имплантот секојпат се поставува во раката што помалку се користи (пр. во левата рака, доколку си деснак). Самото поставување трае неколку минути. На почетокот, делот од раката каде што е ставен имплантот може да биде чувствително и да потече. Ова е вообичаено и бргу поминува.

Вадењето на имплантот трае малку подолго од поставувањето. По вадењето веднаш може да се постави нов имплант на истото место.
Доколку не се постави нов имплант, треба да се има предвид дека плодноста се враќа веднаш потоа.

Не, имплантот не е електронска направа. Направен е од пластика којашто не може да се разгради во телото.

Многу ретко. Во секој случај, може да се провери дали е на место со допир. Ако не е таму каде што бил поставен, веднаш треба да се појде на лекар.

Scroll to Top