Модерна контрацепција

Што е? 
Мал мек пластичен прстен што се става во вагината

Како делува?
Со постепено ослободување на естроген и протестерон, спречува да дојде до бременост така што го спречува ослободувањето на јајце-клетката и ја згуснува цервикалната слуз што го отежнува движењето на сперматозоидите

Како се користи?
Се става во вагината во кој било ден од менструалниот циклус, се вади по 21 ден, па се прави пауза од 7 дена

Ефикасност
Над 99 % ако се користи правилно

Каде може да се набави?
Не е достапен во Македонија

Плус инфо
Еден прстен дава заштита еден месец, штити од бременост и за време на „паузата“, не пречи за време на сексуалниот однос

Сакаш да дознаеш повеќе? Продолжи со читање.
Ако имаш какво било прашање, пиши ни тука.

Во кратки црти

  • Не е достапен во Македонија
  • Над 99 % ефикасност
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

Најчесто поставувани прашања

Девојките и жените кои не пушат и немаат здравствени причини поради кои не би можеле да го користат. Може да се користи до 50-та година. Од друга страна, не им се препорачува на девојки и жени кои:

  • Имаат згрутчување на крвта;
  • Имаат проблеми со срцето или крвниот притисок;
  • Имаат над 35 години и пушат или престанале да пушат претходната година;
  • Патат од мигрени;
  • Имаат или имале рак на дојка во последните 5 години;
  • Имаат прекумерна телесна тежина;
  • Земаат лекарства кои влијаат на ефикасноста на прстенот;
  • Не можат да го задржат прстенот во вагината.
  • Лесно се става и вади;
  • Не пречи при сексуалниот однос;
  • За разлика од оралната контрацепција, не губи од ефикасноста во случај на дијареа или повраќање;
  • Може да го ублажи симптомите на ПМС;
  • Може да се користи по абортус.
  • Може да не ти е пријатно сама да го ставаш и вадиш од вагината;
  • Во првите месеци може да имаш благо крвавење;
  • Не штити од сексуално преносливи инфекции;
  • Треба да памтиш кога треба да го извадиш, а кога да ставиш нов;
  • Кај некои жени, плодноста може да се врати дури по неколку месеци;
  • Понекогаш може сам да падне, но најчесто може да се исплакне со млака вода и благ сапун и веднаш да се стави назад;
  • Може да има привремени несакани ефекти како пообемен вагинален исцедок, главоболка, гадење, чувствителност на дојките и промени во расположението.

Не, не треба да боли. Ако боли, задолжително треба да се појде кај матичниот гинеколог.

Scroll to Top